САС на мпц
Божиќен прием на државниот врв кај поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан
09.01.2025 17:30
Во резиденцијата на архиепископот присутни беа претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, премиерот Мицкоски и собранискиот спикер Гаши...

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан по повод божикните празници и својот именден – празникот Св. Стефан, денеска приреди традиционален божикен ручек за државниот врв. Во резиденцијата на архиепископот присутни беа претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, премиерот Мицкоски и собранискиот спикер Гаши.
Од страна на Синодот на Македонската православна црква на ручекот присуствуваа владиците Петар и Агатангел.
