4-ти пораз на јуниорите
По трите порази во првата фаза по групи на европското првенство за играчи до 20 години што се одржува во Австрија, нашите млади ракометари денеска продолжија со лошата серија и го загубија првиот натпревар во новоформираната група за пласман од 9-16 место и тоа убедливо од Естонија со 26-19. Естонците одлично го отворија натпреварот и го контролираа водството и резултатот што на полувреме беше 14-9 во нивна полза.

По трите порази во првата фаза по групи на европското првенство за играчи до 20 години што се одржува во Австрија, нашите млади ракометари денеска продолжија со лошата серија и го загубија првиот натпревар во новоформираната група за пласман од 9-16 место и тоа убедливо од Естонија со 26-19. Естонците одлично го отворија натпреварот и го контролираа водството и резултатот што на полувреме беше 14-9 во нивна полза. Кратко на почетокот на вториот дел нашите јуниори се вратија резултатски во игра, анулираа дел од негативата, но недоволно да се загрози водството на противникиот, а на крајот и победата изразена со 7 голови разлика. Во нашиот состав најефикасен беше Филип Талески со 7 погодоци, Јован Талевски постигна 4, а во победничката селекција Лоп со 6 погодоци.
Пораз по кој нашата селекција и натаму е без поен во групата откако не успеа да пренесе ниту од првата фаза.
Утре во Траун нашата селекција во вториот натпревар од втората фаза по групи ќе игра со репрезентацијата на Швајцарија и во зависност од резултатот и пласманот во групата ќе биде познато за кое место ќе игра во завршниот натпревар на европското младинско првенство во Австрија.
