УКРАИНА

ОН го осуди смртоносниот напад во Запорожје

10.01.2025 09:07

Канцеларијата на Обединетите Нации за координација на хуманитарни прашања го осуди смртоносниот напад во Запорожје...

Канцеларијата на Обединетите Нации за координација на хуманитарни прашања го осуди смртоносниот напад во Запорожје во средата кога најмалку 13 цивили загинаа, а околу 30 беа ранети.

На фронтот и натаму продолжуваат битките. Украина постигна договор за дополнителни пакети помош во вредност од две милијарди долари на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во Рамштајн, Германија.

Украинскиот претседател ги потенцираше гарантираните испораки на дополнителни системи за противвоздушна одбрана. Во однос на безбедносните гаранции за Киев, Зеленски вели дека не е доволно само Европа да се спротивстави на руската закана.