Врховен суд на САД денеска ќе ја изрече пресудата за Трамп во случајот „пари за молчење“
Врховниот суд на САД денеска ќе ја изрече пресудата за новоизбраниот претседател Доналд Трамп за случајот со исплата на пари во замена за молк...

Врховниот суд на САД денеска ќе ја изрече пресудата за новоизбраниот претседател Доналд Трамп за случајот со исплата на пари во замена за молк.
Судијата во Њујорк кој го води процесот го одби барањето на Трамп да го одложи изрекувањето на пресудата. Поротата на Менхетен во мај го прогласи Трамп за виновен по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја за да се прикрие исплатата. Тоа беше првпат американски претседател, поранешен или сегашен, да биде осуден или обвинет за кривично дело.
Новоизбраниот американски претседател Трамп кој треба да биде инаугуриран на 20-ти јануари најави средба со рускиот колега Путин. За време на предизборната кампања, Трамп го стави решавањето на украинската криза како еден од врвните приоритети.
