БЛИСКИ ИСТОК

Претставничкиот дом на САД гласаше за санкционирање на МКС поради Израел

10.01.2025 09:10

Претставничкиот дом на САД синоќа гласаше за воведување санкции кон Меѓународниот кривичен суд во знак на протест поради издавањето налози за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху...

Претставничкиот дом на САД синоќа гласаше за воведување санкции кон Меѓународниот кривичен суд во знак на протест поради издавањето налози за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека се надева оти неговата администрација ќе може да обезбеди договор за заложниците, иако Хамас во моментов е пречка за таков договор.

На фронтот во Газа продолжуваат битките. Израелската војска објави дека јеменските Хути истрелале околу 40 балистички ракети и 320 беспилотни летала кон Израел од почетокот на конфликтот.