Уставните измени и ребалансот на буџетот влегоа во Собранието
7-те уставни амандамани и предлог одлуката за ребаланс на буџетот Владата во петокот ги доставила до Собранието. Матичните собраниски тела за нив ќе расправаат на првиот работен ден по летниот одмор, а тоа е 25-ти август...

Доколку државниот интерес е приоритетен за опозицијата - очекувам од септември Собранието во полн состав да ги донесе и уставните и буџетските корекции – брифираше спикерот Вељаноски на средбата со медиумите доколку се нормализира политичкиот дијалог.
Според првиот парламентарец, тоа ќе биде нотирано и во есенскиот извештај од Брисел за којшто тој очекува да биде позитивен и со уште една препорака за старт на преговорите.
Доколку и во септември останат празни опозициските места Вељаноски најавува по добивањето на есенскиот извештај од Брисел ново продолжение на седницата на чијшто дневен ред се опозициските оставки, за да бидат и констатирани.
Јавната расправа за уставните измени, што треба да ја организира владата како предлагач ќе трае 30 дена и ќе почне по летните одмори. Од веќе најавеното има дополнување кај предлог уставниот амандман којшто бракот ги дефинира како заедница меѓу еден маж и една жена со дополнување дека правата што ги имаат партнерите во вонбрачните заедници ќе важат само доколку во неа живеат маж и жена. Уставната жалба и можноста за двостепоност во постапката при одлуки РСС или Советот на јавните обвинители за разрешување или изречена дисциплинска мерка се опфатени со еден уставен амандман.
Виолета Димовска
