Регион
Земјотрес во Црна Гора
10.01.2025 10:08
Земјотресот е регистриран на седум километри од Будва, на длабочина од 10 километри...

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран во 9 часот и 18 минути по локално време на седум километри од Будва, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
