Партии

ДУИ: СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО – ДПМНЕ

10.01.2025 10:50

Наместо да се соочи со сопствената криза и да ја преземе одговорноста за својот тежок пораз, таа бара спас со тоа што им сервира на Македонците лажен непријател – Албанците, реагираат од Демократксата унија за интеграција

Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО - ДПМНЕ. Наместо да се соочи со сопствената криза и да ја преземе одговорноста за својот тежок пораз, таа бара спас со тоа што им сервира на Македонците лажен непријател – Албанците, реагираат од Демократксата унија за интеграција

Оттаму велат дека Македонците не ја мразат ДУИ поради некаква измислена корупција – тие ја мразат затоа што ДУИ ги зајакна Албанците и ја смени старата рамнотежа на моќта .Тие не ја гледаат ДУИ како проблем на криминалот, бидејќи токму македонските партии 30 години ја ограбуваа и уништуваа оваа земја. Денес, Македонците се манипулирани да веруваат дека Албанците се нивна егзистенцијална закана, велат од ДУИ.

Албанците нема да дозволат да бидат жртвувани за пропаднатите политики на СДСМ, ДПМНЕ или за странски агенди кои работат против Македонија, велат од партијата и додаваат дека тие што денес сеат раздор, утре ќе останат сами во урнатините на нивната изгорена политика.