ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да им се извини на граѓаните што му дозволи на Груби да ја краде Македонија
Од партијата велат дека СДС со сигурност од прв ден знаеле што прави Груби. Затоа што не е можно да не знаеле а заедно, седум години, да ја водат владата, која впрочем, поради ДУИ и опстојувала.

СДС се тие кои дозволија Артан Груби да прави што сака и да ја краде државата. Артан Груби со друга владина структура не би можел така да се однесува. Но, бидејќи СДС беа гладни за власт и сакаат да останат во владините фотелји што подолго и по секоја цена, му дозволија на Груби да краде од Државна лотарија и од други институции, да игра фудбал по државни институции и да покажува ароганција на највисоко ниво, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека СДС со сигурност од прв ден знаеле што прави Груби. Затоа што не е можно да не знаеле а заедно, седум години, да ја водат владата, која впрочем, поради ДУИ и опстојувала.
Ако целта не им беше само гола власт и ако барем малку се грижеа за државата и граѓаните, СДС ќе го спречеа криминалното делување на Груби и истиот ќе го изведеа пред лицето на правдата. Но, очигледно, наместо државните интереси, на СДС на прво место им бил интересот да останат на власт. И сега во опозиција СДС мудро молчи по однос на бегалецот од правдата, Груби. Ниту се оградуваат од него, ниту го повикуваат да се врати во Македонија за да се соочи со правдата. Нема ниту извинување до македонските граѓани затоа што го створија и го толерираа Артан Груби.
Од Груби се откажаа и самите ДУИ, како и Тетовскиот Универзитет кој што му даде отказ од работното место, но СДС од него никако не се откажува, стои во соопштението.
