Свет

Стотици Молдавци останаа без греење откако Русија ја прекина доставата на гас

10.01.2025 11:35

Милиони луѓе во централна и источна Европа и натаму се во неизвеснот и без затоплување откако Украина го запре транзитот на руски гас. Во Молдавија, локалните власти побараа од владата во Кишињев дрва, пелети и електрични генератори за да ја пребродат зимата...

Милиони луѓе во централна и источна Европа и натаму се во неизвеснот и без затоплување откако Украина го запре транзитот на руски гас.

Стотици луѓе во Молдавија останаа без греење и топла вода откако Русија ги прекина испораките на гас.

Во Молдавија, локалните власти побараа од владата во Кишињев дрва, пелети и електрични генератори за да ја пребродат зимата.

Молдавската претседателка Санду и премиерот Ресеан ја посетија безбедносната зона Днестар откако „Гаспром“ го прекина снабдувањето во сепаратистичкиот регион Придњестровје, предизвикувајќи енергетска криза. Земјата е во 60-дневна вонредна состојба.