Лични документи

Личните карти со старото уставно име ќе важат до нивно истекување

10.01.2025 15:23

Личните карти со старото име, нема потреба да се менуваат, односно важат до нивното истекување...

Личните карти со старото име, нема потреба да се менуваат, односно важат до нивното истекување. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Личните карти важат со датумот на истекување. Нема потреба да се менуваат. За личните карти не важи правилото за возачките и за пасошите. Не треба македонските граѓани да бидат кабает поради неодговорното однесување на македонските политичари во минатото“, рече Тошковски.