Вработените во неколку министерства во вторник излегуваат на протест
Вработените во неколку министерства во вторник излегуваат на протест, незадоволни од ниските примања. Бараат исплата на додатокот на плата од 30 проценти и потпишување Колективен договор. Вработените во Државното правобранителство се веќе во штрајк …

На 14-ти јануари со получасовен протест, синдикалците на УПОЗ ќе го изразат незадоволството поради неприфаќањето на нивните барања за потпишување на Колективен договор. Претседателот на Синдикатот, Деановски за МТВ вели дека вработени во шест министерства и во Државниот завод за статистика ќе бараат во колективните да биде утврдено 30 процентен додаток на платите.
А во Државното правобранителство се штрајкува. Причините, вели Деановски се делумно истите како и оние на вработените од министерствата и заводот, но таму се бараат и законски измени.
Штрајкуваат сите правобранителства во државата, сè до исполнување на барањата. Од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани посочуваат дека и покрај добрата волја на државниот правобранител да се реши ова прашање, сепак таа изостанува кај Министерството за финансии, иако се работи само за 120 вработени.
Фиљана Кока
