Жестока престрелка ги вознемири дебарчани
Вооружените разбојници како во холивудски филм, се обиделе да ограбат две златарници, а при престрелката потешко е повреден еден од вработените, додека вториот повреден е случаен минувач...
Денеска околу 13 часот, при обид за грабеж на неколку зларатници во центарот на Дебар, две лица се повредени, кои потоа биле згрижени во Скопскиот клинички центар.
Вооружените разбојници како во холивудски филм, се обиделе да ограбат две златарници, а при престрелката потешко е повреден еден од вработените, додека вториот повреден е случаен минувач.
Неколкумината разбојници, кои стрелале со автоматски пушки, побегнале со џип којшто исто така го украле од местото на настанот. По нив трага полицијата.
Граничнииот премин Блато, кај Дебар, кон Албанија во моментот е привремено затворен.
