СДСМ бара одговорност од Таравари и Мемеди за случајот со седуммесечното бебе
Од партијата, повикувајќи се на бројот на смртни случаи кај деца изминативе месеци, го прашаа Таравари зошто детето не било хоспитализирано уште првиот пат кога родителите го донеле на Детската клиника, но и зошто немало специјалист.

Откако министерот за здравство Арбен Таравари го затвори случајот со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника, велејќи дека нема одговорност кај лекарите, опозицискиот СДСМ смета дека се прави обид да се заташка целата работа.
Од партијата, повикувајќи се на бројот на смртни случаи кај деца изминативе месеци, го прашаа Таравари зошто детето не било хоспитализирано уште првиот пат кога родителите го донеле на Детската клиника, но и зошто немало специјалист.
„Седуммесечното бебе било одбиено за хоспитализација, без да се издаде никакво образложение за причините“, укажуваат од СДСМ, од каде што бараат одговорност од Таравари и од директорот Мемеди.
