За пет дена истекува важноста на мерката „Празнична потрошувачка кошница“
Истекува важноста на мерката „Празнична потрошувачка кошница“. Трае уште пет дена. Мислењата поделени дали ефектите се постигнати, особено што дел од трговците манипулираа со цените на производите, за што беа укорени од премиерот Мицкоски...

Се ситнат деновите пред истекувањето на акцијата за намалување на цените преку т.н. „новогодишна кошница“. Синдикалците велат дека мерката била добра, но траела кратко. Сметаат дека мора да има долготрајни мерки за да се задржи куповната моќ на граѓаните.
Граѓаните велат дека трговците манипулираат со цените. Велат – добро е што Владата ги затегнала, но тоа не ги дало посакуваните резултати.
Од Владата велат дека во иднина ќе има други мерки со цел да им се помогне на граѓаните. Инспекторите ја следат состојбата со цените во маркетите. Од институтот „Finance Think“, пак, препорачуваат мерките за ограничување на цените на храната да се користат само во случаи на висока инфлација, а во другите случаи да си останат пазарните принципи.
Новогодишната кошница беше воведена на 15-ти декември, а ќе трае до 15-ти јануари, односно уште неколку дена. Со мерката требаше да поевтинат околу 1.000 производи за 10%.
Борис Грујоски
