Оризопроизводителите револтирани, нема откуп на оризова арпа
Долговите стасуваат за наплата, а амбарите се полни со неоткупен ориз. Она малку што се откупува се плаќа под производната цена. Оризопроизводителите бараат помош од министерот Трипуновски, тој најавува стабилизирање на состојбата со откуп на ориз за стоковите резерви...
Четири децении произведувам ориз, вакво нешто се нема случено, вели земјоделец од Облешево. Откупувачите нудат цена далеку под производната.
Оризопроизводителите се револтирани, стигнуваат за наплата долговите од претходната производна сезона.
Владината мерка за субвенционирање на откупувачите за сега не дава резултати, земјоделците бараат субвенциите да се насочат кон нив.
Министерот Трипуновски најави средба со земјоделците. но и откуп за стоковите резерви во февруари.
Оризопроизводителите реагираат и на увозот на ориз од Азија, но и на големата разлика во цената по која се откупува и продава кочанскиот ориз во маркетите и пазарите.
Славица Величковска