МВР

Ново законско решение за сообраќајните камери

10.01.2025 14:39

Освен што ќе треба да ги инсталираме камерите, да ги поврземе со потребните кабли, да ги обезбедиме сите потребни дозволи, ќе треба да промениме и законска легислатива, да ги подготвиме и судовите и УЈП во делот на спроведување на постапките, изјави Тошковски.

Новите камери кои се инсталираат по скопските и улиците на уште неколку градови, многу скоро ќе бидат ставени во функција, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во текот на 2025 година ќе имаме имплементиран проект, ветува министерот. Вели, освен што ќе треба да се инсталираат камерите и да се обезбедат потребните дозволи, ќе се менува и законската рамка. Решението веќе се подготвува.

Граѓаните веруваат дека со инсталирање камери, повеќе ќе се внимава на сообраќајните правила и ќе се намалат сообраќајните незгоди.

Камерите годинава ќе бидат во функција, па граѓаните ќе добиваат фотографии како доказ дека ги прекршиле сообраќајните правила.

 

Александра Спировска