Бугарија

Експремиерот на Бугарија Кирил Петков повикан на распит

10.01.2025 17:02

Петков повикан на распит во Обвинителството за истрагата која се води против него за службено кривично дело...

Kопретседателот на бугарската партија „Продолжуваме со промените“ (ПП) Кирил Петков повикан на распит во Обвинителството за истрагата која се води против него за службено кривично дело.

Според Обвинителството, Петков ги пречекорил своите овластувања со наредба за апсење на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и Севдалина Арнаудова, публицистка на Борисов.

Петков тврди дека не сторил кривично дело, и дека ова е политички напад. Рече дека е подготвен да се брани сè додека е потребно.