Собрание

Пет интерпелации на првата собраниска седница во новата година

10.01.2025 16:00

Неуспех во управувањето со меѓуетничките односи, загрозување на јавната безбедност – причини за поднесените интерпелации од Европскиот фронт за тројцата министри: Стоилковиќ, Меџити и Тошковски, како и за заменикот во МВР Исени. Петтата интерпелација е од „Левица“ за Илире Даути

Неуспех во управувањето со меѓуетничките односи, загрозување на јавната безбедност – причини за поднесените интерпелации од Европскиот фронт за тројцата министри: Стоилковиќ, Меџити и Тошковски, како и за заменикот во МВР Исени.

Петтата интерпелација е од „Левица“ за претседателката на собраниската комисија за социјална политика Илире Даути, која не го ставаше законот за бранители на дневен ред. ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува интерпелацијата на Даути, бидејќи не го почитувала Деловникот.

Социјалдемократскиот сојуз се изјасни дека нема да гласа за интерпелациите. Според координаторот на пратеничката група, причините не смеат да бидат поврзани со етнички контекст, туку со аргументи за нивното неработење.

Пратениците од коалицијата „Вреди“ нема да гласаат за интерпелациите.

За секоја од интерпелациите може да се дискутира еден работен ден, а ќе се гласа за сите заедно.

 

Марина Стојанова – Тонева