Собрание

Не помина интерпелацијата за Изет Меџити

10.01.2025 21:00

Иницијативата за разрешување ја покрена опозицискиот Европски фронт предводен од ДУИ, но не доби поддршка од останатите парламентарни групи.

Со само три гласа „за“ и 64 „против“ не помина интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити од коалицијата Вреди (ВЛЕН).

Иницијативата за разрешување ја покрена опозицискиот Европски фронт предводен од ДУИ, но не доби поддршка од останатите парламентарни групи. За да биде прифатена интерпелација во Собранието, „за“ треба да гласаат најмалку 61 пратеник.

Најголемата опозициска партија СДСМ соопшти дека нема да ги поддржи интерпелациите и ја напушти денешната собраниска седница бидејќи смета дека „нема потреба од нови поделби по етничка основа“. Поддршка не даде ниту пратеничката група на Левица, како и партиите од владејачката коалиција – ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.