Временска прогноза

Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег

11.01.2025 08:19

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и во северните делови ќе преминуваат во снег и во пониските места...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и во северните делови ќе преминуваат во снег и во пониските места.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд, а во текот на ноќта од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.