Енергетски биланс
Високата цена ја намали потрошувачката на сите видови енергија за 7,2% во 2013-та
И во иднина две третини од потребите ќе се обезбедуваат од домашни извори, а остатокот ќе се увезува . Нафтата и струјата учествуваат со 80 % во вкупната потрошувачка ,а остатокот отпаѓа на другите видови енергија.Сепак во фокусот е електричната енергија. Ќе ја има доволно и во најголем дел ќе ја испорачува ,,Електрани на Македонија.
,,В година 80% од потребите за електрична енергија ќе се обезбеди од домашни потреби ,а нето увозот се планира да биде помал за 27,5% во однос на 2013-та.” –порача министерот за економија Ваљон Сараќини .
Мерките на енергетска ефикасност даваат ефекти и сега сите штедат енергија, но потрошувачката по единица производ во индустријата е превисока.
,,Нема некое зголемување на потрошувачката на електрична енергија ,а тоа се должи најмногу на преземените мерки за енергетската ефикасност која придонесе потрошувачката на струја да биде помала . “-вели Лазар Гечевски , директор на Агенцијата за енергетика .
За в година се предвидува зголемување на потрошувачката на приридниот гас за околу 39%, додека кај нафтата и струјата ќе има незначително зголемување .Во 2014 –та ќе има доволно енергија и континуирано снабдување, порачуваат од Министерството за економија.
Свето Николовски
