Аерозагадување

Се намали загадувањето во Скопје

11.01.2025 09:24

Според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина, утрово воздухот во општините во Македонија е ниско или многу ниско загаден...

Во повеќе градови вредностите на ПМ- честички се во дозволените граници, во Струмица е прекинат прагот на алармирање.

Според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина, утрово воздухот во општините во Македонија е ниско или многу ниско загаден. 

Министерството за животна средина го вклучи црвениот аларм, откако Скопје со денови не падна од листата на најзагадени градови во светот. Скопјани изутрината дишеа релативно почист воздух. Властите ги заоструваат мерките.

Сите кои се вклучени во процесот, секоја недела се задолжени да поднесуваат извештаи за состојбите со воздухот.