регион

Изборен молк во Хрватска пред вториот круг од претседателските избори

11.01.2025 19:22

Нешто помалку од 3,8 милиони гласачи утре ќе избираат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ кандидат на Социјалдемократската партија и Драган Приморац од хрватската Демократска заедница со партнерите...

Изборен молк во Хрватска пред вториот круг од претседателските избори. Нешто помалку од 3,8 милиони гласачи утре ќе избираат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ кандидат на Социјалдемократската партија и Драган Приморац од хрватската Демократска заедница со партнерите.

Според последната објавена анкета, Милановиќ сè уште има голема предност пред неговиот противкандидат со поддршка од 65,2 насто, наспроти 27,8 кои ги има Приморац.