Собрание

Не поминаа четирите интерпелации за работата на владините функционери

11.01.2025 09:11

Единствено, со 61 глас „за“, 22 „против“ и без ниту еден „воздржан“ беше поддржана интерпелацијата за претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, поднесена од Левица...

Не поминаа четирите интерпелации за работата на владините функционери. Единствено, со 61 глас „за“, 22 „против“ и без ниту еден „воздржан“ беше поддржана интерпелацијата за претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, поднесена од Левица. Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата се основани.

На седницата не присуствуваа пратениците од СДСМ, а против гласаа и од „Вреди“.