Победа за крај

29.07.2014 18:58

Со победата  над Тунис со 23-16, полувреме 11-8, нашата репрезентација за ракометарки до 18 години го освои 17-тото место на светското првенство. Во текот на целиот меч избраничките на Аце Станковски го контролираа резултатот и на крајот слевеа убедливо во последниот мундијалски настап. Најефикасни во нашиот состав беа Сара Ристовска со 7 и Сара Митова со 5 голови.

На тој начин со  три победи и 4 порази нашите млади ракометарки го завршија настапот на светското првенство чиј домаќин е нашава земја. Со оглед на квалитетот и конкуренцијата, пласманот и резултатите се во рамките на очекувањата, иако останува фактот дека шансата за повисок пласман беше пропуштена на мечот со Аргентина што нашата репрезентација го загуби со 24-22.Победата над Узбекистан исто така беше планирана, но и остварена со 36-28, а ќе останат дилемите дали по релативно пристојниот пораз од Германија со 20-24, дебаклите против Романија 23-37 и Данска 18-38 објективно ја отсликуваат состојбата и разликата со најдобрите на македонскиот женски ракомет или дојдоа по психолошкиот пад по непланираниот пораз од Аргентина. Со или без домаќинот светското продолжува: Утре на програмата се 1/4финалните мечеви во кои ќе се сретнат: Холандија-Романија, Бразил-Црна Гора, Германија-Јужна Кореја и Русија-Данска.