Србија и САД почнаа разговори за стратешки дијалог
Почеток на стратешкиот дијалог и санкциите кон нафтената индустрија на Србија (НИС), тема на разговорите на Вучиќ на средбата со помошникот американскиот државен советник за ресурси и управување Ричард Верма...

Србија и САД почнаа разговори за стратешки дијалог, но фокусот на разговорите во Белград меѓу претседателот Александар Вучиќ и американскиот помошен државен секретар Ричард Верма беа санкциите кон нафтената индустрија на Србија (НИС).
„Целта е да се отстрани сопственоста на Русија во сопственичката структура, и со претседателот разговаравме како да се воведе оваа промена во сопственичката структура во компанијата. Нема да има никакви економски последици за Србија ако тоа се направи. Ова ќе му помогне на регионот да има повеќе мир и ние како партнер ќе и помогнеме на Србија да ги диверзифицира своите извори на енергија и да биде независна во тој поглед“, изјави Ричард Верма помошник на државниот секретар на САД за ресурси и управување.
Вучиќ изјави дека побарал од американската делегација роковите да бидат пофлексибилни и малку подолги и рече дека верува оти за Србија ќе се има разбирање.
„Мораме барем уште седум до 10 дена да разговараме со Американците, за да видиме што точно содржи целиот пакет санкции, за да можеме да им се обратиме на Русите, а потоа да разговараме со нив што треба да правиме. Има нејаснотии. Побарав роковите да бидат пофлексибилни. Ако треба да платиме цена, ќе платиме, но нема шанси нешто да одземеме“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Р. Србија.
Тој додаде дека денес бил информиран од Азербејџан да поради проблеми Србија не може да смета на секојдневните 1,7 милиони кубни метри гас, поради што Србија ќе почне да ги троши своите гасни резерви.
Оливер Бранковиќ
