тутунопроизводство
Во Прилеп откупот на тутунот е при крај
11.01.2025 16:02
Привршува откупот на тутунот од ланската реколта. Тутунарите пријатно изненадени. Реколтата е над 20.000 тони. Цените прифатливи, се кројат рамноправни односи и строго почитување на законот за тутун …

При крај е откупот на тутунот, иако законски може да се купува уште еден и пол месец. Од планираните 17.000, реколтата ќе надмине 20.000 тони. Цената го има просекот од 400 денари колку што по зголемувањето чини првата класа тутун. За тутунарите состојбите се надежни за производството.
Сојузот веќе ги почнаа преговорите со откупувачите за новата реколта. За нив прва одредница е цената и строгото почитување на законот за тутун.
Со тутунопроизводство во земјава се занимаваат преку 20.000 семејства.
Елизабета Митреска
