САД

Најмалку 11 лица ги загубија животите во разорните пожари кои беснеат низ Лос Анџелес

11.01.2025 17:34

Пламените јазици зафатија над 100 квадратни километри и принудија над 300 илјади луѓе да се евакуираат. Пожарникарите и натаму се обидуваат да ги стават под контрола огнените стихии...

Најмалку 11 лица ги загубија животите во разорните пожари кои беснеат низ Лос Анџелес. Најавената промена на ветровите се заканува дополнително да ја влоши состојбата.

Помошта на американските воени сили, националната гарда и спроведувањето на полициски час се најновите безбедносни мерки што ги најавија. Пламените јазици зафатија над 100 квадратни километри и принудија над 300 илјади луѓе да се евакуираат.

Пожарникарите и натаму се обидуваат да ги стават под контрола огнените стихии.ластите.