ухмр

Портокалов аларм и прогноза за обилни врнежи од снег, механизацијата подготвена за расчистување

11.01.2025 19:35

Портокалов аларм за снежна бура во Македонија. Од вечерва обилни врнежи, засилен северен ветер и појава на голомразица. Надлежните уверуваат механизацијата е подготвена за расчистување на патиштата...

Македонија е под циклонско влијание од север што носи снег на повисоките, но и на пониските места.

Најмногу снег се очекува во северозападните региони од земјава, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Со снегот ќе паднат и температурите. Идната недела најстудено до минус 10 степени ќе биде во среда, велат од УХМР. Надлежните тврдат механизацијата за расчистување на регионалните и на магистралните патишта е подготвена, доколку има посилни врнежи и голомразица камионите и тешките возила ќе бидат отстранети од сообраќај.

Од АМСМ предупредуваат внимателно на патот Тетово-Попова Шапка, Гостивар-Стража, кон Страцин и кон Делчево.

 

Ирина Гелевска