Време

Македонија под снежна покривка

12.01.2025 09:12

Снегот ќе продолжи да паѓа во текот на целиот ден, а на одредени места, особено во западните делови на земјата, врнежите ќе бидат обилни. Од „Македонија пат“ велат дека овој пат се подготвени и дека има доволно механизација за да ја покријат цената територија на државата.

По студената ноќ и ниската температура, Македонија прекриена со снежна покривка. Во Скопје падна првиот снег, создавајќи бела прекривка на улиците, покривите и возилата.

Снегот ќе продолжи да паѓа во текот на целиот ден, а на одредени места, особено во западните делови на земјата, врнежите ќе бидат обилни.

Надлежните со апел до граѓаните да бидат претпазливи, особено на патиштата каде што може да се очекува отежнат сообраќај.

Од „Македонија пат“ велат дека овој пат се подготвени и дека има доволно механизација за да ја покријат цената територија на државата.

Наредните денови ќе носат студено време, со можност за слаби снежни врнежи.