АМСМ

Сообраќајот во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од кашест снег

12.01.2025 09:19

Активни забрани за движење на тешки товарни возила на следните патни правци: Крива Паланка – граничен премин Деве Баир; Гостивар – Маврово – Дебар; Гостивар – Стража – Кичево; Пресека; Плетвар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од кашест снег, соопшти АМСМ. Екипите на ЈП „Македонија пат“ се активно ангажирани на терен.

Активни забрани за движење на тешки товарни возила на следните патни правци: Крива Паланка – граничен премин Деве Баир; Гостивар – Маврово – Дебар; Гостивар – Стража – Кичево; Пресека; Плетвар.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира на внимателно возење со прилагодена брзина и строго почитување на сообраќајната сигнализација. Особено внимание се препорачува на делниците низ котлини, речни долини и клисури поради можноста од одрони, како што се: Катланово – Велес; Маврово – Дебар – Струга; Виница – Берово; Кочани – Делчево.