Регион

Во Хрватска започна гласањето во вториот круг од претседателските избори

12.01.2025 09:38

Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи...

Во Хрватска денеска се гласа на вториот круг од претседателските избори.

Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, кои ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ, кандидат на Социјалдемократската партија и Драган Приморац од Хрватската демократска заедница со партнерите.

Според истражувањата, Милановиќ сè уште има голема предност пред неговиот противкандидат.