Забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци во земјава
Поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај с.Миравци, тешките товарни возила ќе се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.

АМСМ информира дека од 09.54 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци. Забрана е воведена на КриваПаланка граничен премин Деве Баир, Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Пресека, Плетвар, ГП Делчево кон Бугарија за возила над 7.5 тона, Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема).
Поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај с.Миравци, тешките товарни возила ќе се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.
Се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонија пат.
Од АМСМ додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
