Охрид: Се чисти езерското дно пред Богојавление Водици
Пред верскиот празник Богојавление Водици во Охрид продолжува традицијата за чистење на езерското дно од цврст и други видови отпад. На тој начин ќе се зголеми безбедноста на сите оние коишто годинава ќе запливаат во водите на Охридското Езеро со цел да го фатат чесниот крст.

Снегот и ниските температури кои во Охрид денеска се движеа околу нулата не ги спречија охридските нуркачи да го расчистат езерското дно од цврст отпад. На овој простор за една недела на големиот празник Богојавление Водици ќе се положи светиот крст. Целта на акцијата е да се заштитат лицата коишто ќе запливаат во ладните езерски води.
И оваа година нуркачите на 19-ти јануари ќе се грижат за безбедноста на фаќачите на крстот.
Се очекува на уникатното одбележување на празникот Богојавление Водици, покрај повеќе илјади охриѓани да присуствуваат верници од другите македонски градови, но и од странство.
Сашо Нелоски
