Македонија

Снег и во Скопје, главните улици проодни

12.01.2025 15:10

Зимска атмосфера во Скопје. Најмладите се радуваат што конечно падна снег во главниот град. Оние повозрасните пак, внимателно се движат по нерасчистените тротоари...

Зимска атмосфера во Скопје. Најмладите се радуваат што конечно падна снег во главниот град. Оние повозрасните пак, внимателно се движат по нерасчистените тротоари.

Главните улиците во Скопје проодни, но оние помалите и споредните се затрупани со снег.

А снег ќе врне и во наредните денови, велат од УХМР. Во среда, ќе биде најстудено, со температура до-10°C.

Од брза помош за сега немаат многу повици, бидејќи како што велат граѓаните ги почитувале препораките. Очекуваат повеќе интервенции деновиве.

Градоначалниците на скопските општини велат дека службите се на терен, се чисти снегот од улиците, се фрла сол за да се обезбеди непречено движење.

Борис Грујоски