Денеска ќе се знае дали ист производ ги заразил заболените од листерија

30.07.2014 10:08

Се испитуваат 500 мостри во три лаборатории. Министерството за здравство веќе поднесе кривична пријава против непознат сторител...

Денеска се очекува да бидат познати резултатите дали ист производ ги заразил заболените од листерија.

Се испитуваат 500 мостри во три лаборатории. Министерството за здравство веќе поднесе кривична пријава против непознат сторител.

„Првичните резултати се веќе објавени. Сега ги обработуваме мострите земени од 24 август и до карајот на недалата треба да завршиме. Ни останаа околу 200 мостри“, изјави вчера за МРТ прим. д-р Елизабета Цонева, специјалист по микробиологија во лабараторијата за безбденост на храна.

По генетската типизација на примероците ќе се знае дали тие се поврзани со заразените пациенти.

Во меѓувреме ќе се менува и правилникот со кој и продуктите што се подложени на термичка обработка нема да смеат да содржат воопшто листерија.

Со оваа бактерија се регистрирани осум пациенти, од кои четворица починаа.