ЦУК: Извлечени пет малолетници и едно возрасно лице завеани во село Рајчани и однесени безбедно во Кочани
До единствениот број за итни случаи 112 изутрината било пријавено дека пет малолетни и едно возрасно лице, поради обилните снежни врнежи, се заглавени во село Рајчани и не можат да се симнат во Кочани.

Пет деца и еден возрасен се извлечени од селото Рајчани, Кочанско, каде што биле завеани од снегот. До единствениот број за итни случаи 112 изутрината било пријавено дека пет малолетни и едно возрасно лице, поради обилните снежни врнежи, се заглавени во село Рајчани и не можат да се симнат во Кочани.
Преку секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР-Штип, полициската станица-Кочани, со лицето за контакт од Општина Кочани и градоначалникот на општината, за координирање на активностите, информираа од Центарот за управување со кризи.
Нешто пред 12 часот, лицата биле извлечени од местото со теренско возило на доброволната планинска спасувачка служба „Осогово“ и безбедно биле однесени и предадени на родителите во Кочани.
