Македонија

Сопружници загинаа во пожар во куќа во Крива Паланка

12.01.2025 15:43

Противпожарната единица од Крива Паланка интервенирала со 9 пожарникари и две возила и за кратко време го изгаснала пожарот, по што биле пронајдени телата на починатите.

Сопружници на возраст од 87 и 85 години загинаа во пожар во Крива Паланка. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека во 9 часот изутрината пристигнал повик дека настанал пожар во куќа на улица „Херој Карпош“.

Противпожарната единица од Крива Паланка интервенирала со 9 пожарникари и две возила и за кратко време го изгаснала пожарот, по што биле пронајдени телата на починатите.

Според првичните информации нема индиции за намерно предизвикување на пожарот.

Кумановското Јавно обвинителство издаде насоки за испитување на причините за трагедијата. Вешто лице на самото место ја проверило состојбата на електричните инсталации на куќата, извршен бил разговор со лица и е наредена обдукција на телата на починатите.