Македонија

Екипи и механизација на ЈП Македонијапат го расчистуваат снегот и ги одржуваат проодни патиштата

12.01.2025 15:49

Исто така во расчистување на магистралните и регионални патишта ангажирани се компании кои соработуваат со ЈП Македонија пат, како навремено би се справиле со снежните наноси.

ЈП Македонија пат во текот на целиот ден врши расчистување на снегот на државните патишта со сите технички и човечки ресурси и ги одржуваат сите патни правци проодни. По интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат, сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот, информираат од Министерството за транспорт.

Исто така во расчистување на магистралните и регионални патишта ангажирани се компании кои соработуваат со ЈП Македонија пат, како навремено би се справиле со снежните наноси.

Оттаму апелираат до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Информираме дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови и затоа препораките се да се следи временската состојба посебно оние граѓани кои планираат да патуваат за навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на патиштата. Сите детални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат од дежурните служби на ЈП Македонија пат на телефонот 02 25 61 502- стои во соопштението.