Временска прогноза
Облачно и студено со повремени врнежи од снег
13.01.2025 08:11
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до-1, а максималната ќе достигне од -3 до 3 степени.
Во Скопје претежно облачно и студено со повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
