АМСМ

Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег

13.01.2025 08:44

Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава.

Активни забрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Струмица – Берово, Тетово – Попова Шапка (за патнички возила задолжителна е употреба на зимска опрема.), Пресека, Плетвар, Ѓавато, Струга – Г.П. Ќафасан, Делчево – Г.П. Делчево.

Од 06:30 часот се нормализира движењето за тешки товарни возила на автопатот А1 од Клучка Демир Капија до Клучка Смоквица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.