регион
Протести во Србија, се бара кривична одговорност за несреќата во Нови Сад
13.01.2025 08:45
Повторно побараа утврдување на политичка и кривична одговорност за несреќата во Нови Сад во која загинаа 15 лица, на кои со петнаесетминутен молк им беше оддадена почит...

Српските студенти пред уставниот суд во Белград побараа да им се исполнат барањата укажувајќи на прекршување на Уставот и потсетувајќи ја јавноста за правата загарантирани со него. Повторно побараа утврдување на политичка и кривична одговорност за несреќата во Нови Сад во која загинаа 15 лица, на кои со петнаесетминутен молк им беше оддадена почит.
Протести се одржаа и во Ниш.
