САД

Над 20 жртви и десетици исчезнати во пожарите што беснеат во Лос Анџелес

13.01.2025 08:50

Властите стравуваат дека црниот биланс и натаму ќе расте додека јавуваат за десетици исчезнати...

Над 20 загинати во пожарите што беснеат во Лос Анџелес. Властите стравуваат дека црниот биланс и натаму ќе расте додека јавуваат за десетици исчезнати. Постигнатиот напредок на пожарникарите во борбата против смртоносните огнени стихии ставен под прашалник пред налетот на новите засилени ветрови. Црвениот метеоаларм ќе остане на сила најмалку до среда кога се очекува нивно намалување.

„Фокусирани сме на две работи: спречување на пожарите и спасување животи. Ветерот ни се приближува многу брзо, но ние сме целосно подготвени“, изјави Кристин Кроули, противпожарна служба на Лос Анџелес.