Снежен бран

ЈП Македонија пат: Дежурните екипи на терен, снегот континуирано се чисти

13.01.2025 10:31

Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Службите на ЈП Македонија пат со целокупната механизација и работна сила продолжуваат со расчистување за нормално одвивање на сообраќајот на државните патишта.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат и во текот на ноќта во континуитет беа на терен и вршеа расчистување на сите државни патишта со цел да ги одржат проодни за сообраќај, соопштуваат од Министерството за транспорт.

Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Службите на ЈП Македонија пат со целокупната механизација и работна сила продолжуваат со расчистување за нормално одвивање на сообраќајот на државните патишта.

Оттаму апелираат до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби.

Според информациите од УХРМ, врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава. Апелираат да се следи временската состојба и граѓаните кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта. Професионалните возачи на тешки товарни возила да се информираат за условите на патиштата и препораките за сообраќај.

ЈП Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен-стои во соопштението.