Иран

Иранската војска набави околу 1.000 дронови

13.01.2025 19:14

Иран соопшти дека додал околу илјада стратешки беспилотни летатала во својата флота поради зголемените тензии со САД и Израел.

Иран соопшти дека додал околу илјада стратешки беспилотни летатала во својата флота поради зголемените тензии со САД и Израел.

Леталата кои имаат способност да бидат речиси невидливи за време на нападите и биле испорачани на армијата на неколку различни локации во земјата.

Според државната иранска агенција, дроновите имаат домет од 2.000 километри, деструктивна моќ, способност за минување низ одбранбени слоеви и автопилот, кои не само што ги зголемуваат способностите за граничен надзор, туку и воената способност на флотата да напаѓа далечни цели.