МВР
На скопскиот аеродром уапсени две лица од Турција, на увид дале фалсификувани пасоши
13.01.2025 18:56
Вчера во 10.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 53-годишниот И.К. и 26-годишниот С.К., двајцата од Република Турција, информираат од МВР...

Вчера во 10.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 53-годишниот И.К. и 26-годишниот С.К., двајцата од Република Турција, информираат од МВР.
Како што соопштуваат, при пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека приложиле фалсификувани патни исправи.
Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.
