Откуп на ориз

Оризопроизводителите утре на средба со министерот за земјоделство

13.01.2025 12:33

Производителите на ориз незадоволни од откупот и откупната цена, утре на средба со министерот Трипуновски ќе бараат решение за проблемот. Причината на проблемот според нив е во откупувачите, кои со години се богатат на сметка на производителите...

„Не бараме милост од државата туку почитување на договореното – откуп по 35 за ситните и 40 за крупните сорти. Не сакаме политикантство врз наш грб, туку трајно решение според кое откупната цена нема да биде пониска од производната, која годинава е 27 денари за килограм арпа. Сегашната откупна цена од 26 денари е криминал и грабеж“, велат оризопроизводителите.

Долговите од лани стигнуваат за наплата, оризопроизводителите се принудени да продаваат под производната цена.

Се што е под 35 денари за килограм арпа е загуба за оризарите, став на Националната земјоделска мрежа.

Министерот за земјоделство утре ќе има средба со оризопроизводителите, на која ќе се договорат насоки за надминување на кризата со откупот.

 

Славица Величковска