Ракомет – СЕХА лига

Металург по втора победа против Загреб

13.12.2013 16:44

Дали слаб ден на младиот тим на Загреб или разликата во квалитетот е евидентна и пресудна за победата на ракометарите на Металург пред 7 дена, ќе покаже 13-тиот СЕХА дуел за гостите, а 10-ти за сините. Поштедени од реториката за чување на ресурсите за шампионски настап, Металург конечно и во региналната лига влегува со сите сили, во полн состав на сигурен и неопходен триумф.

Нема повеќе ниту време ниту простор за македонскиот вице - првак за калкулации во ова натпреваруање затоа што ја има засега не така сигурната 4-та позиција на табелата. За зацртаната цел, а тоа е фајнл - фор завршница, да биде достижна, ќе треба посилно да се „загризе“. Одложената пресметка од третото СЕХА коло Металург – Загреб утре од 17.45 во Арената „Борис Трајковски“ и директно на МРТ1.