Расте бројот на жртви во Газа
30.07.2014 10:53
Во вчерашниот најкрвав ден од почетокот на тронеделната војна во Газа загинаа 128 лица, со што вкупниот број на загинати Палестинци достигна 1.230...

Хамас и натаму одбива прекин на огнот, израелската армија и натаму вели дека мета се центрите и оружјето на Хамас, а бројот на цивилни жртви од палестинска страна секојдневно достигнува нови рекорди.
Во вчерашниот најкрвав ден од почетокот на тронеделната војна во Газа загинаа 128 лица, со што вкупниот број на загинати Палестинци достигна 1.230.
10 лица од исто семејство беа убиени во тенковски напад во бегалскиот камп Џебалија. Животот го загубија и двајца браќа што се превезувале со автомобил на хуманитарната помош на Обединетите Нации кое што било погодено со шрапнел.
На мета на израелската војска се најде и единствената електрана во Газа Сити, при што 1, 7 милиони лица беа оставени без електрична енергија, без вода и во мрак.
